Доколку денеска се распушти Собранието, да се констатираат оставките на министрите и замениците од СДСМ (видео)

Сподели со своите пријатели

Mинистрите и дополнителните заменици министри од СДСМ денес ќе поднесат оставки на функциите во Владата на Република Македонија, изјави Оливер Спасовски на денешниот прес одржан пред Владата на РМ.

Доколку остане во сила Одлуката за распуштање на Собранието, донесена на 18-ти јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат.

Согласно Договорот од Пржино, Владата во којашто учествуваме се формираше за организирање на фер и кредибилни избори, откако ќе се исполнат сите точки од овој договор. Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април. Тоа е директно потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД.

Без прочистен Избирачкиот список и без реформи за слободни медиуми нема услови за регуларни, кредибилни избори. СДСМ нема да ги алиментира нерегуларните, неслободните и недемократски избори коишто ги најавува ВМРО-ДПМНЕ, изјави Спасовски.

Loading...