Лошиот шеф и пасивното пушење исто влијание имаат врз вашето здравје, ова се резултатите од најновото истражување на социјално – работната мрежа „LinkedIn“.
Што повеќе се задржувате на работа на која вашиот шеф е ужасен и ви виси над глава, се поголеми се шансите тоа негативно да се одрази на вашето физичко, но и ментално здравје.
Американската психолошка асоцијација наведува дека дури 75% од работниците тврдат дека нивниот шеф е најголемиот извор на стрес во нивниот живот, но само 59% од нив се подготвени да тргнат во авантура за потрага по поздраво работно опкружување, пишува „Quartz“.
Резултатите од истражување од Стенфорд универзитеот во Америка, која опфаќа 200 независни студии, покажале дека доживуваат стрес поради лошиот менаџмент и истото може да има исти негативни ефекти како и пасивното пушење.
Според нивните анализи губењето на работа ги зголемува шансите да се разболите за дури 50%, додека претераните очекувања од вашиот шеф и притисокот кој го чувствувате ги зголемува шансите за 35%.
И додека конфликтото со надредените обично доаѓа поради различни карактери, постојат и други, многу полоши гактори кои се во навистина грозните карактери кои некако дошле на главните позиции. Овој вториот тип посебно е опасен по вашето здравје, како физичко така и ментално, затоа што често знаат да бидат агресивни, нарцисоидни, но и насилни.
Поради општата состојба во државата, поради која навистина тешко се доаѓа до работа од која може пристојно да се живее, давањето откази често е пат позиција. Меѓутоа, од друга страна лошото работно опкружување многу лесно доведува до губење на мотивацијата што може негативно да влијае на вашето професионално усовршување и напредок.
Многу експерти препорачуваат едноставни техники кои ќе ви помогнат доколку се наоѓате во ваква ситуација. Според нивните совети треба да направат список на секојдневни обврски кои редовно ќе ги исполнувате, а кои на крајот на денот ќе ви пружат одредено задоволство.
Оваа чувство на достигнување, барем на кратко ќе во одржи здрав и ќе ви купи време да пронајдете здраво работно окпружување.