Општина Куманово денеска ги потпиша договорите со неколку невладини организации за спроведување активности во областа на здравствена и социјална заштита.
Како што информираше претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, ова е втор повик од областа на социјална заштита, но прв во област на здравствената.
– Имаше заинтересирани луѓе, но комисијата одлучи да оддели одредена сума на средства кои се поважни за промоција и превенција од настанатите болести или настани во Општина Куманово, отколку за самото спречување. Превенирање пред се, вели Ѓорѓиевска.
50.000 денари се доделува на Здружението на дијабетичари за спроведување на кампањата „Делуваме денеска да прмениме утре“. По 25.000 денари ќе добие здружението ДРОМ за два проекти „Вакцинирани деца – мудро родителство“ и „Твоето здравје е во твои раце – провери се денеска“.
– Од социјална заштита прв пат се пријавуваат и добија Воец Куманово „Сликај со срце – кампања со дигитални слики со основци за борба против булинг“, 75.000 денари добија и мислам дека има ентузијазам во оваа организација да направат добра промоција против булингот и 75.000 денари на хуманитарното здружение „Мајка“ под кампања „Не прифаќај нешто што е непознато“, истакна претседателката на Советот.
Раководителот на Секторот за социјална и здравствена заштита Александар Крстевски рече дека финансиските средства се мали, но идејата е да се даде можност да се дејствува на тематики и проблеми кои се јавуваат во општината.
– Што се однесува до проектите финансиските средства се релативно мали, се надеваме дека следната година ќе бидат поголеми. Ова го правиме со цел општината да биде потранспарентна. Иако сите наши јавни повици се скоро на јавен повик и сакаме општината да биде потранспаретна и да дадеме влијание на младите да дејствуваат во некои тематики каде гледаме дека како општина имаме проблеми, изјави Крстевски.
Невладините организации кампањите треба да ги спроведат во месец декемри, а за следната година се размислува да се отпочне порано целиот процес, со надеж дека буџетот ќе овозможи и повеќе финаниски средства.
Никола Ивановски