Екстремно обилните дождови што ја погодија Централна Европа предизвикаа смртоносни поплави во регионот, со четири нови смртни случаи пријавени во Полска и по еден во Чешка и Романија.
Поплави погодија делови од Австрија, Чешка, Полска и Романија, додека системот со низок притисок што го премина регионот донесе рекордни количества дожд во текот на неколку дена и се очекува да ги погоди Словачка и Унгарија подоцна во текот на неделата. Досега се пријавени 18 смртни случаи.
Додека од Европа доаѓаат апокалиптични сцени, Чесите решија да го искористат за – забава.
Во Прага, Чех е снимен како сурфа на надојдена река, а се снимал и себеси за Тик Ток.
@forrestkral Odpovědět uživateli @Willy Černý (he/they) 🍁 ♬ Žijeme len raz – Ego & Robert Burian
Во друг чешки град, млад човек скокнал и запливал во надојдена река.
Овие типови на „забава“ се крајно опасни, бидејќи природните катастрофи можат да го променат својот тек и да станат уште поголеми и поопасни.
Otrokovice…..neuveritelne‼️ pic.twitter.com/2N3F9HbRZX
— Robert Hamrla (@HamrlaRobert) September 15, 2024
Европа продолжува да се бори со поплавите, а се смета дека циклонот Борис се врти и се враќа кон погодените земји.