Директорот на руска компанија за развој на дронови денес беше хоспитализиран во Тула по вооружен напад кој се третира како обид за атентат.
Андреј Черезов, шефот на компанијата, беше нападнат во град кој се наоѓа на 190 километри јужно од Москва, според руските медиуми.
Детали за нападот
Рускиот портал „Маш“, кој ја следи црната хроника, наведува дека непознат напаѓач го пресретнал Черезов на скалите од зградата.
Тој испукал три куршуми кон директорот.
Напаѓачот избегал, а полицијата започнала потрага по него.
Официјални информации за здравствената состојба на Через сè уште не се објавени.

