ДНР ја повика Северна Кореја на развивање на односите

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја и самопрогласената Доњецка Народна Република во Украина ќе развијат заемно корисна билатерална соработка, изјави лидерот на ДПР Денис Пушилин во писмо до Ким Џонг Ун, пренесоа денеска севернокорејските медиуми.

Loading...

Пушилин напиша писмо во кое му го честиташе на Ким 15 август, Денот на ослободувањето на Кореја, објави државната новинска агенција КЦНА, два дена откако беше пренесена слична порака од рускиот претседател Владимир Путин.

Во јули Пјонгјанг ги призна самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск во регионот Донбас во источна Украина како независни држави.

Со тој потег, Северна Кореја стана третата земја, по Русија и Сирија, која призна два отцепени ентитета.

Поради тој потег Украина веднаш ги прекина односите со Пјонгјанг, наведува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.