Дизајнерка прави одржлив накит од остатоци од школки од длабочините на морето

Сподели со своите пријатели

Обетки, ѓердани и прстени од Mie Larsson комбинираат различни елементи на школка, додека авторот создава елегантен, едноставен дизајн со текстура во фокус.

Loading...

Овој еколошки пристап станува се попопуларен – станува збор за дизајнери кои се грижат за природата и користат материјали кои инаку би завршиле во отпад или во природа.

 

 

Школките што ги собира веќе поминале низ процес на плакнење и обработка, па таа само малку ги обработува и заштитува, бидејќи се работи за органски материјал. Накитот е во фини, неутрални тонови, од беж до сива боја.

Покрај плажите, Ларсон набавува школки и од ресторани и локални добавувачи, кои инаку би ги фрлиле во ѓубре.

 

Loading...

 

Дизајнерката работи на популаризација на одржливиот материјал во изработката на накит, така што се повеќе автори го прифаќаат овој начин на работа.