Диви трки на автопатот Куманово – Скопје, одземени возила и приведени возачи

Сподели со своите пријатели

Неколку лица се приведени, а неколку автомобили запленети, откако полицијата разбила група која оргнаизирала диви трки на автопатот Куманово – Скопје.

Loading...

– На  16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава. Веднаш биле преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово и поради сомнение за стоирен прекршок биле одземени патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки управувано од М.В.(20) од село Долнени, прилепско и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(21) од Тетово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оливера Трајковска дел од македонската делегација на средбата со папата Лав XIV

По целосно документирање на слуајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Никола Ивановски