Дирлива средба на близнаци после 70 години

Сподели со своите пријатели

Браќата близнаци, Џорџ Скрзинецки и Луцијано познански биле разделени од своето раѓање, а се запознале пред неколку дена за прв пат по 70 години.

Loading...

Нивната мајка, по потекло од Полска, ги родила во 1946 година во Германија каде присилно работела за време на Втората светска војна. Несреќната жена тешко се разболела и починала неколку години подоцна.

Дечињата биле испратени во Полска и сместени во дом за деца без родители. Наскоро дошле и вдомувачи, но децата не биле дадени во исто семејство, туку разделени.

Џорџ сепак дознал, кога имал 18 години дека има брат. Со години не успеал да го пронајде, а во седумдесетите години емигрирал во Америка, засновал семејство и кренал раце од потрагата. Изгубил секаква надеж дека некогаш ќе го пронајде неговиот брат.

Браќата биле споени по истрагата на една млада жена која помош побара во Црвениот крст за помош во истражување на семејното стебло на својот татко. Се испоставило дека тој човек Луцијан Познански е брат кој Скрзинецки го барал со години.

Полскиот Црвен крст објавил дека браќата се сретнале и запознале по 70 години на аеродром во Варшава.