Димитриевски се сретна со амбасадорот на Шпанија

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

Loading...

Како што информираше Димитриевски, на средбата се дискутирало за повеќе теми.

– На средбата во мојот кабинет разговаравме на повеќе актуелни теми, разменивме искуства од досегашната соработка помеѓу двете земји, како и можности за идна соработка во интерес на граѓаните на Општина Куманово, соопштија од кабинетот на Димитриевски.

По средбата утринава, амбасадорот на Шпанија оствари посета на кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ каде се изучува шпанскиот јазик.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига