Димитриевски на средба со Командантот на СИБРИГ, Аристедеис Илиопулос (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во просториите на општината оствари средба со Командантот Бригада на Југоисточна Европа – СИБРИГ, бригаден генерал Аристедеис Илиопулос.

Loading...

 

 

Мисијата на СИБРИГ во следните шест години ќе биде стационирана во кумановската касарна „Боро Менков“ и се состои од шест армии во регионот. Како што истакна градоначалникот Димитриевски, голема е честа што мисијата е во Куманово, а од граѓаните побара овие луѓе да ги прифатат како свои.

– Им посакувам убав престој, високо ниво на соработка. Апелирам до грааѓаните да бидат прифатени како свои, да се чувствуваат како дома, и се надевам дека ќе бидат секогаш подготвени, но нема да добијат можност да ги извршат своите задачи кои се однесуваат на спасувачки акции, хуманитарни кризи. Секогаш ваквите мисии се добредојдени во нашиот град, граѓаните имале позитивно мислење за армијата ја прифаќале како своја, ова се наши коалициски партнери, со кои соработуваме не само на национално, регионално туку и интернационално ниво, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Градоначалникот вели дека ќе се направи повеќе во делот на цивилно-воената соработка меѓу општината и СИБРИГ, со оглед дека и соработката со АРМ е на највисоко ниво.

Бригадниот генерал Аристедеис Илиопулос истакна дека на средбата биле нагласени аспектите од идната соработка.

– Како што знаете сибриг ќе биде гостин во куманово наредните шест години. Ќе ја искористам оваа прилика да ви се претставам да кажам кои сме ние. СИБРИГ е мултинационална мировна мисија, учесници се Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Романија и Турција,. Договорот беше првично потпишан во 1998 година во Скопје. Една година подоцна ние почнавме активно да работиме првин во Бугарија. Потоа Романија, Турција, Грција и сега Македонија, изјави бригадниот генерал Илиопулос.

 

 

Како што истакна командантот на СИБРИГ, нивната мисија е да одржуваат мир преку соработка, а одлуката е донесена преку концензус со одобрение на министрите за надворешни работи од земјите учеснички.

Loading...

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *