Димитриевски: ЛИДЛ ќе поттикне уште поголемо ниво инвестиции во градот

Сподели со своите пријатели

Инвестицијата на компанијата ЛИДЛ ќе поттикне уште поголемо ниво на инвестиции во градот, смета градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Како што истакна градоначалникот инвестицијата на ЛИДЛ во Куманово е исклучиво заслуга на локалната самоуправа.

– Досега имаме вкупно шест инвестиции во индустриската зона Новине и Речица. Последните две во последните три години се од странски карактер, една е за приоизводство на бетонски елементи каде слушам дека минималната плата е скокната на 600 и повеќе евра, додека втората инвестиција која е во тек е на реномираната ЛИДЛ, која го гради најголемиот логистички центар во регионот на територија на Општина Куманово, рече тој,

Изградбата на ЛИДЛ, очекува дека ќе повлече нови инвстиции во градот.

– Ако ја земете приказната на ваквите објекти кои се изградени ќе заклучите, на балканскиот регион, каде ќе влезе оваа компнаија во нејзина близниа се инвестираат дополнителен број логистички центри, хотелски компелски и компании оти сметаат дека компанијата влече сериозен развој, изјави Димитриевски.

 

 

Loading...

Одлуката да се аплицира за средства во Владата за изградба на инфраструктура токму таму, вели дека е оправдана оти тоа ќе ја крене цената на парцелите и ќе привлече нови инвеститори.

-Сметам дека со инвестиција на овие пари не само нам туку и на државата ќе се вратат. Последната цена за метар квадратен која ја постигнавме во оваа зона пред да влезе ЛИДЛ беше 15,7 евра, пртходно истото се продаваше на лицитација за 1,2 до 1,5 евра. Со изграбда на една улуца која тогаш ја ивенстиравме со дел средства од претхондата влада и дел од сопствен буџет успеавме да ја подигеме цената на 15,2 или 15,7 евра. Постапката за ЛИДЛ е продадена за 31,5, тоа што се продавало пред 8 до 10 години за едно евро сега се продаде за 31,5 со оваа инвестиција цената по метар квадратен очкуевам дека ќе се подигне повеќе, истакна градоначалникот.

Проектот на владата да додели 250 милиони евра на општините, вели Димитриевски е за поздравување, а прв пат е направена рамномерна поделба според глава на жител на општините.

– Тоа не се случувало ни во време на СДСМ ни во време на ВМРО-ДПМНЕ, најмалу во време на ДУИ. Секогаш било по политичка блисткост. Оваа влада, лично разговарав со премиерот, целосно ги распредели средствата на сите општини согласно глава на жител и тоа е најправилна распределба. Дополнително разговаравме да се распоредат во делот на регионалниот развој по обесправените и помалку развиените да имаат повеќе средства, поразвиените да добиваат помали средства за да се направи одреден баланс на ниво на државата, рече тој.

Според Димитриевски, општината веќе прави планови за следниот повик на владата и дополнително ќе одлучува со кои проекти ќе аплицира.

Никола Ивановски