Димитриевски: Истакнувањето на обележја на т. н. голема Албанија и неинтонирање на државната химна е спротивно на Уставот и Законите

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски го осуди вчерашниот протокол и организација при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Општина Чаир, одлуката за промената на името на улицата Втора Македонска ударна бригада, како и истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија, повикувајќи ги надлежните институции да постапат согласно овластувањата.

Loading...

– Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата. Ги повикувам надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да постапат согласно овластувањата и превземат постапки против одговорните и сторителите а надлежниот суд истите да ги санкционира доколку сеуште оваа власт има супрематија, реагираше градоначалникот Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)

Димитриевски упати јавно прашање и до раководството на СДСМ, дали ова ја отсликува заедничката борба за “Едно општество за сите”.

– За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата “Едно општество за сите”?Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи? Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам, вели Димитриевски во неговата реакција.