Димитриевски и Минчев на средби со членовите и симпатизерите на ЗНАМ во Вевчани и Струга

Сподели со своите пријатели

Вевчани и Струга силно го поддржаа движењето ЗНАМ – Димитриевски со моќна порака до СДСМ: „Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка?“.

Loading...

Во рамки на теренската кампања „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, заедно со генералниот секретар Горан Минчев, остварија средби со граѓани, членови и симпатизери во Вевчани и Струга.

Пречекани со силна поддршка, лидерот на ЗНАМ говореше за новата политичка енергија што се шири низ државата – енергија на промена, одговорност и надеж.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ до СДСМ: Максим зборуваше кога вие молчевте. Максим застана за државата, кога вие ја распродававте

 

 

Во своето обраќање, претседателот Димитриевски испрати силна и директна порака до опозициската партија:

„Венко ги повикува социјалдемократите да се вратат дома. Ех Венко, Венко. Да се вратат во еден од твоите пет стана? Во луксузот на Дубаи? Или во празната, темна зграда на Бихачка што одамна членовите ја напуштија? Политиката на СДСМ е без визија, а раководство на СДСМ е очајно, без надежно, исплашено и во паника.“

Loading...

Тој истакна дека Македонија нема време за изгубени генерации и дека народот препознава кој нуди решенија, а кој продава магла. Според него, СДСМ е на прагот на историски дебакл, кој е резултат на нивното самобендисано и однародено владеење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Потпретседателот на ЗНАМ, Генарал Павле Арсоски во Демир Хисар

„Граѓаните низ цела држава го чувствуваат тоа. Секој теренски разговор, секоја бројка и статистика укажува на едно – ЗНАМ не само што е најбрзо растечката политичка сила, туку е и гласот на луѓето што предолго беа игнорирани. Доаѓа време кога на локалните избори граѓаните ќе изберат градоначалници и советници што нема да молчат, нема да служат на партиски директиви, туку ќе работат исклучиво за интересите на својот народ. Градоначалници и советници што ќе бидат од народот, со народот и за народот.

Ова не е само политичка битка – ова е борба за достоинството на секој човек во Македонија. И на овие избори – ќе победат вистината, знаењето и народот.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ до СДСМ: Максим зборуваше кога вие молчевте. Максим застана за државата, кога вие ја распродававте

 

 

Генералниот секретар на партијата, Горан Минчев, додаде дека движењето ЗНАМ е тука да гради мостови на доверба меѓу политиката и народот и дека секој поединец е важен за процесот на промени што следуваат.

Караванот на ЗНАМ под мотото „Заедно знаеме повеќе“ продолжува низ секое маало, секое село и секој град – со една порака што веќе одекнува низ целата држава: Македонија повеќе нема време за лажни надежи и потрошени
политичари. Време е за чесни луѓе, за вистински борци. Време е за ЗНАМ – гласот на народот што никој повеќе не може да го замолчи.

Loading...