Новите владини мерки против Ковид-19 во Италија ќе помогнат да се спречи нова национална блокада, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.
Тоа ќе се случи и покрај признавањето дека стапките на зараза со вирусот растат низ целата земја, рече тој.
– Стапките на зараза се високи, тоа е точно, напиша Ди Мајо на својот профил на Фејсбук и додаде дека со воведувањето на ситe мери против Ковид-19 можно е да се запре вирусот.
– Во Италија се воведуваат построги мерки затоа што ако сега интервенираме можеме да го заштитиме здравјето на граѓаните, здравјето на земјата и да спречиме нова блокада, рече Де Мајо.
Тој додаде дека Италија треба да дејствува како тим со цел што побрзо да добие средства од Фондот за обнова на ЕУ.
Јасмина Тасевска