Девет кандидати во трка за претседател на Македонија

Сподели со своите пријатели

Девет луѓе официјално влегуваат во трката за функцијата претседател на Македонија, преку партии, коалиции и независни кандидатури.

Loading...

Меѓу нив има две професроки, двајца градоначалници, тројца лекари, но и веќе актуелниот шеф на државата кој ќе брка втор мандат.

Во продолжение дознајте накратко кои се луѓето кои ќе бараат поддршка од граѓаните на изборите закажани за 24 април.

 

Максим Димитриевски – ЗНАМ – За наша Македонија

Претседател на Македонија

 

Последен кој своја кандидатура објави вчера беше кандидатот на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Димитриевски е роден во Куманово во 1975 година. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куаманово“.

Loading...

Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија“.

Политичката кариера ја започнува како млад активист на СДСМ. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година. Кариерата ја продолжува како пратеник во Собранието и претседател на комисија за одбрана и безбедност.

На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово а 2021 бива реизбран за градоначалник на Општина Куманово на локалните избори на 31ви октомври како независен кандидат.

Димитриевски за прв пат влегува во трката за Претседател на Македонија.

 

Гордана Силјановска Давкова – ВМРО ДПМНЕ

Претседател на Македонија

 

Партијата ВМРО-ДПМНЕ по втор пат одлучи да ја кандидира универзитетската професрока Гордана Силјановска Давкова.

Loading...

Таа е родена во Охрид 1955 година. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004.

Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска е носител на кандидатска листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август, 2020 год. таа е пратеник во македонското Собрание.

 

Стево Пендаровски – СДСМ

Претседател на Македонија

 

Пендаровски е кандидат на СДСМ по трет пат на претседатлеските избори и ќе ја бара поддршката на граѓаните. Тој е актуелен Претседател на Македонија.

Loading...

Роден е во Скопје во 1963 година. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1987 година. Подоцна магистрирал и докторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар.

Во 2000-тите бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. Пендаровски е универзитетски професор и предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, овојпат како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии.  Пендаровски успеа да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

 

Loading...

Билјана Ванковска – Левица

 

Партијата Левица одлучи да ја кандидира универзитетската професрока Билјана Ванковска.

Таа е родена во Скопје во 1959 година и има импресивно образование. Основното и гимназиското образование ги завршила во Скопје како првенец на генерацијата. Правниот факултет во Скопје го завршила во април 1982, а веќе во 1987 и магистрирала. Докторирала во 1992 година исто така на Правниот факултет на тема за улогата на војската во политиката.

Почнала да работи како судиски приправник во Општинскиот суд Скопје I, за подоцна во 1983 година да се вработи како помлад асистент на Филозофскиот факултет во Скопје. Веќе во 1993 година била избрана за доцент, пет години подоцна за вонреден професор, а потоа и двапати во 2003 и 2008 година за редовен професор.

Loading...

Член е на Стручниот совет за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Активна е и во невладиниот сектор. Во 2014 година била еден од претендентите за претседателски кандидат на Македонски претседателски избори во 2014 година.

 

Стевчо Јакимовски – ГРОМ

 

Партијата ГРОМ одлучи исто така да влезе со свој кандидат во трката, актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Loading...

Јакимовски е роден во кировпаланечко Подржи Коњ во 1960 година.

По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, Стевчо Јакимовски волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје. Исто така, Јакимовски е поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.

Стевчо Јакимовски влегол во политиката во 1988 година, како стручно-политички работник во Претседателството на младината на Југославија.

Оттогаш, тој бил на повеќе раководни функции, меѓу кои: министер за економија и министер за труд и социјална политика.

Во текот на својата политичка кариера, Јакимовски променил неколку политички партии: најпрвин бил член на Либерално-демократската партија, потоа преминал во СДСМ, за подоцна да ја формира партијата ГРОМ.

На локалните избори во 2017 година, Јакимовски повторно се кандидира за градоначалник, како кандидат на ГРОМ.

Loading...

 

Арбен Таравари – Алијанса на Албанците

 

Таравари е роден во Гостивар во 1973 година.

Средно медицинско училиште завршил во „Панче Попоски“ во Гостивар, а дипломирал на Медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998.

Loading...

Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест. Во 2010 година, започнал да биде редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Во 2016 бил претседател на одделот на екстрапирамидални болести при универзитетската клиника за неврологија, а бил член на одборот на меѓународните медицински списанија „Mediicus“ и „Vox Medici“. Исто така бил раководител на одделението за мигрена, главоболки и други синдроми при Универзитетска клиника за неврологија.

На локалните избори во 2017 година Таравари стана градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот противкандидат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта со што станува единствен градоначалник, кој е градоначалник двапти по ред.

На 29 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Арбен Таравари победи во вториот круг и стана старо нов градоначалник на Општина Гостивар.

 

Бујар Османи – ДУИ

 

Османи е роден во 1979 година во Скопје, а по професија е лекар.

Во 2008 станал асистент по предметот Хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје, каде подоцна специјализирал општа хирургија во 2006 година.

Работел на повеќе позиции во областа на медицината, а беше министер за здравство во власта на ВМРО-ДПМНЕ, и е министер за надворешни работи во владата на СДСМ.

 

Мерсиха Смаиловиќ – Бошњачки демократски сојуз

 

Смаиловиќ е хуманитарна работничка и активистка за еманципација на муслиманската жена, родена во Скопје во 1984 година.

Дипломирала при универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2008 година и е единствената студентка која носела марама на Правниот факултет.

Во 2007 година Мерсиха Смаиловиќ активно учествува во покренувањето на иницијатива за остранување на забраната стара 60 години, со која не им се дозволуваше на жените да имаат слика со марама во личните документи.

Од тогаш, активно се занимава со заштитата на муслиманките од секаков вид дискриминација и работи во повеќе невладини организации.

Loading...

 

 

Вело Марковски – независен кандидат

 

Роден е во велешко во 1958 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ, но на претстојните избори ќе се кандидира како независен кандидат.

Основно образование завршил во Драчево, а Гимназија во Скопје во 1977 година, кога се запишал на Медицинскиот факултет во Скопје каде дипломирал во 1983.

Една година подоцна започнал да работи како лекар и со медицината се бави целиот свој живот. Меѓу другото тој е и професор на Факултетот за медицински науки во Штип од 2012 година и предава Инфективни болести.

Loading...

Најголем дел од кандидатите мора да соберат по 10.000 потписи во канцелариите на ДИК за да можат да учествуваат на изборите.

Новиот претседател на Македонија ќе се избира на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 20 април.

Никола Ивановски