Десетина улици во Ајдучка Чешма добија бекатон (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Десетина улици во населбата Ајдучка Чешма во Куманово во текот на изминатиот месец добија нов лик со поставување бекатонска подлога.

Loading...

 

 

Според објавите на градоначалникот Максим Димитриевски, целосно реконструирани се улиците „318“, шест краци од улицата „316“ и улицата „316“, како и улиците „312“, „310“ и „522“.

 

 

Loading...

Претходно, во првата половина од март,  бекатон добија и улиците „303“, „255“, „253“ и „251“ од истата населба.

 

 

Во меѓувреме е реконструирана улица кај зелениот пазар, како и крак од булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.

 

 

Loading...

Во текот на слединот период се очекува да започне пролетното крпење на дупките низ коловозите оштетени по зимскиот период. Во мреѓувреме според податоците од Бирото за јавни набавки, завршена е и тендерската постапка за дел од булеварот „Трета МУБ“ (од улцата „С. Симонов“ до улицата „Тоде Мендол“), улици во Индустриска зона во селото  Речица, „Благој Илиев Гуне (од улица „ЈНА“ до улица „Тоде Мендол“), дел од улицата „Боро Чушкар“, првите два крака од улицата „Веселин Маслеша“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

 

 

Реконструкцијата на погоренаведените улици, како и на улиците „172“, „111“ и „112“ во населбата Карпош се очекува да започне во следниот период, со оглед дека тендерските постапки за истите се веќе завршени.

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...