ДЕРБИ: ЖКК Куманово утре му гостува на Баскет Кам

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово утре со почеток во 13:30 ќе ги одмерат силите на гостување против составот на Баскет Кам.

Loading...

Станува збор за натпревар од шестото коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија.

Кумановки ќе се борат за четвртата победа сезонава, откако од досегашните пет натпревари имаат три добиени меча. Тоа им остава можност доколку го совладаат Баскет Кам да ја заземат третата позиција во табелата.

Мечот се игра утре со почеток во 13:30 во Македонска Каменица.

Никола Ивановски