Денеска започнува Парискиот мировен форум

Сподели со своите пријатели

Парискиот мировен форум, на кој ќе бидат собрани лидерите на бројни меѓународни организации и земји, почнува денеска.

Loading...

Овогодинешното петто издание на Форумот, насловен како „Излез од повеќекратна криза“, е посветено на најголемите предизвици на денешницата, меѓу кои се влошените климатски промени, брановите на пандемијата на коронавирусот, продлабочувањето на нееднаквоста и геополитичките конфликти со глобални последици.

Фокусот на дводневниот состанок во Париз ќе биде да се спречи деструктивната поларизација на светот, која би ги загрозила колективните напори во соочувањето со многу важни предизвици за човештвото.

Меѓу шефовите на држави, на Форумот ќе говорат претседателот на Франција Емануел Макрон и претседателите на Аргентина и Колумбија, Алберто Фернандес и Густаво Петро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Ќе зборува и сопругата на кралот на Јордан, Рани Ал-Абдулах. На Форумот е и македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Меѓу говорниците се претставници на бројни меѓународни организации и финансиски институции, меѓу кои и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Матијас Корман, извршниот директор на Светската програма за храна ( WFP) Дејвид Бисли.

Меѓу другите, на собирот ќе говорат гувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), Карло Монтичели и генералните директори на Меѓународната организација на трудот и УНЕСКО, Гилберт Унгбо и Одре Азуле.

Парискиот мировен форум го започна Макрон во 2018 година, на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, со цел да се промовира мултилатерализмот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца