ДЕНЕСКА ВРНЕЖИ ОД ДОЖД: Еве какво ќе биде времето до крајот на неделата!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во западните делови ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од источен, односно југоисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од еден степен во позитива во утринските часови до максимални 12 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 15 часот?

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд.

Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец.

Од четврток дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот кога насекаде ќе бидат над 20 степени.

Никола Ивановски