Денеска е Св. рамноапостолна Нина Грузиска и св. Сава.
Света Нина потекнуваla од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја поминала цела Грузија, проповедајќи го Христос. Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј за словенските народи.
Свети Сава е, првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година.