Денеска пресуда за Марин Ле Пен и 24 нејзини сопартијци за проневера на средства од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Судот во Париз денеска ќе ја донесе пресудата за случајот против лидерката на крајнодесничарската партија Француски национален митинг (РН), Марин Ле Пен и 24 членови на таа партија.

Тие се обвинети за проневера на средства од Европскиот парламент, а исходот може да ја спречи Ле Пен да се кандидира за претседател на Франција во 2027 година, јавуваат француските медиуми.

Партијата РН, која ја смета Ле Пен за фаворит меѓу потенцијалните кандидати во претседателската трка за две години, го осуди судењето како политички мотивирано, пренесува Франс 24.

Судијата ќе започне со читање на пресудите во 10 часот, а се очекува читањето да трае неколку часа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Ле Пен и 24 нејзини сопартијци, вклучително и девет поранешни членови на Европскиот парламент и нивните 12 помошници во телото на ЕУ, се обвинети дека со години воделе масовна шема за проневера на европските фондови.

Тие се обвинети дека користеле пари наменети за асистенти на европските парламенти за плаќање на партиските работници во Франција.

Обвинителот побара Ле Пен да биде казнета со 300.000 евра и 10 години затвор.

На Марин Ле Пен ѝ се заканува забрана да се кандидира за избори во следните пет години, што ќе стапи во сила веднаш, дури и во случај на жалба, објаснува телевизијата БФМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија и Пакистан потпишаа договор: Напад врз една земја е напад врз двете

Тоа конкретно би значело дека таа ќе остане пратеник, но нема да може да се кандидира за избори во следните пет години – ниту пак ќе може да биде реизбрана за пратеник во случај на распуштање, ниту пак ќе може да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.

Во изјава за ТФ 1, таа го окарактеризира како „барање за политичка смртна казна против неа“, пренесува Танјуг.