Неколку локации во Куманово денеска и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:00 до 15:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улицата „11 Ноември“ и во населбата Бедиње.
Во период од 06:00 до 06:30 часот утре без струја ќе останат дел од зградите на булеварот „Октомвриска револуција“, поточно на крајот на кружниот тек.
Утре во истиот период прекини во снабдувањето ќе има и во населбата Иго Тричковиќ, населбата Карпош, дел од населбата Перо Чичо, зградите на улицата „Моша Пијаде“ (на крајот од кружниот тек“, како и целата населба Ајдучка Чешма.
Населбата Бедиње и улицата „11 Ноември“ исто така утре ќе останат без електрична енергија и тоа во период од 08:30 до 14:00 часот.
Од 09:00 до 12:00 часот утре без струја ќе остане и селото Драгоманце.
Во период од 09:00 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат селата Сопот и Косматац.
Никола Ивановски

