17.04.2015 09:15

Денес сончево – за викенд дожд и пад на температурите


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а преку денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 20 до 28 степени.

loading...

Ветровито ќе биде во западните предели каде ќе дува умерен јужен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Во останатите предели ќе дува слаб јужен ветер. Утринските температури од 3 до 12 степени, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 17 до 27 степени.

Во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северните, североисточните и источните предели.

Во недела во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд, попладне умерено облачно со сончеви периоди. Утринските температури од 2 до 11 степенин, а максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 8 до 18 степени.

Во понеделник претежно сончево и топло со дневни температури кои ќе се движат од 12 до 22 степени.

Во вторник Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд и посвежо време со пад на температурите. Утринските од 0 до 9, а дневните од 3 до 13 степени.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments