Сончеви и доста топло утро низ земјава ова среда. Во 7 часот УХМР ги измери следниве вредности на температурата на воздухот:
| 22 | °С | Гевгелија |
| 21 | °С | Скопје (З.Рид), Скопје (Петровец) и Виница |
| 20 | °С | Штип, Струмица и Демир Капија |
| 19 | °С | Тетово и Претор |
| 18 | °С | Прилеп и Битола, |
| 17 | °С | Охрид и Крива Паланка |
| 14 | °С | Берово |
До крајот на денот останува сончево и релативно жешко време. Максималната температура насекаде ќе има вредности над 30°С. Најтопло ќе биде во поширокиот гевгелиски регион, до 40°С. Останатите во поголем дел од земјава очекуваат максимална температура околу 38°С. Само огридско преспанскиот крај, како и повисоките места во источниот регион ќе имаат максимална помеѓу 32°С и 35°С.
Вредноста на УВ индексот денеска ќе биде 9.
Во Скопје ќе биде сончево со највисока дневна температура до 38°С.
