Денес се очекува малку потопло време

Сподели со своите пријатели

Сочнчево и малку потопло време се очекува во вторник. Ветерот ќе биде претежно слаб.

Loading...

Повторно утрото ќе биде свежо со минимална температура која ќе има вредност околу 11°С низ низините, и околу 6°С на повисоките места.

Максималната дневна температура ќе достигне вредности околу 27°С во северниот и југозападниот регион и околу 29 во југоисточниот крај.

Во среда попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.