Православната црква денес го чествува името на Светиот апостол Тома, еден од Дванаесетте големи апостоли.
Во житието за апостолот се вели дека со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос била придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан.
Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20).
Пред својата смрт и тој, како и другите апостоли, беше чудесно пренесен на погребот на Пресвета Богородица. Но бидејќи пристигна доцна, горко зажали, па на негова молба го отворија гробот на Пресветата, но внатре не го најдоа Нејзиното тело. На таинствен начин Господ Ја беше зел Својата Мајка во Неговите небесни живеалишта. И така Свети Тома, којшто со своето неверување ја утврди верата во Христовото воскресение, во овој случај задоцнувајќи ни го откри чудесното прославување на Богородица.
Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули.