Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд предвидуваат метеоролозите за денешниот ден.
Попладне врнежите ќе престануваат и ќе се повлекуваат кон југ и исток и ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и кон исток повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
Температурата денес ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.
Во наредните денови следи период на променливо облачно време без промена на дневната температура, а локален дожд ќе има во петок.