Денес драстичен пад на температурите – утре повторно сонце

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд кои во западните и источните делови на некои места се очекува да бидат поинтензивни.

Loading...

Попладне во југоисточните делови ќе има локален пороен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 21 и 27 степени.

Од утре следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневните температури меѓу 22 и 30 степени.