Денес дожд и грмотевици – во недела пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Според метеролозите, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Loading...

Во попладневните и вечерните часови часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во југоисточните делови, каде ќе има пообилен пороен дожд и локално се очекува да наврнат над 20л/м2.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 13 до 20, а дневната од 23 до 30 степени. УВ  индексот ќе има вредност 7.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а од недела следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.