Денес до 30 степени, утре дожд и ретки грмежи

Сподели со своите пријатели

Како што информира УХМР, времето денес во утринските часови ќе биде променливо облачно, а во северозападните подрачја ќе паѓа слаб локален дожд.

Loading...

Во текот на денот облачноста ќе се намалува  и времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а дневната од 23 до 30 степени.

Според УХМР, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Денес претпладне и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а во недела попладне ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во источните и западните делови.

Leave a Reply