Демонстрант доби 2 години и четири месеци затвор за учество во мајските протести

Сподели со своите пријатели

Две години и четири месеци е последната казна што скопскиот Кривичен суд ја изрече за еден од демонстрантите од пред зградата на Владата од протестите на 5 мај, јавуваат медиумите.

Loading...

По неколкудневна анализа, судот оценил дека двајцата демонстранти кои беа дел од третата група на кои им се судеше за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на својата должност се виновни.

Другиот доби условна казна од седум месеци затвор која нема да се реализира ако во рок од  две години не стори ново кривично дело.

Со оваа пресуда завршија судските процеси против демонстрантите пред Владата. Двајца не признаа вина, а останатите 16 добија исто казни затвор од три месеци со една година услов.

Меѓу осудените е и чичкото на Мартин Нешковски кој доби ефективна затворска казна од една година.