Делови од пруга, стрништа, но и лозови насади и сандаци за пчели изгореле во пожарот кој вчера избувнал во кумановско Агино село.
– На 25.07.2024 во 15.59 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во селото Агино село, кумановско, покрај пругата Скопје – Куманово, при што биле зафатени делови од пругата, стрништа и дел од имот на Б.Б.(68) од Агино Село каде биле зафатени лозови насади и неколку празни сандаци за пчели, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на денот дури пет екипи учествувале во негово гаснење.
– Во вечерните часовио со две противпожарни возила со седум пожарникари работеа на догаснување на опожарени стрништа во атарот на селото Агино Село, додаваат од РЦУК.
Пожарот бил локализиран и завршен во 22:40 часот кога и пожарниакрите се вратиле во својата единица.
Од СВР Куманово додаваат дека повредени лица нема, а нивна екипа извршила увид на терен.
Никола Ивановски