Од вчера попладне дел од жителите на улицата „413“ во населбата Иго Тричковиќ (Пуковско) во Куманово се без електрична енергија.
Дел од граѓаните реагираа до редакцијата на Кумановски Муабети, со тврдење дека од вчера од 15 часот се оставени без електрична енергија во своите домови.
Од ЕВН Македонија велат дека проблемот е во дефектен кабел поради што неколку домаќинства од улицата немаат електрична енергија, но само во една фаза.
– Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот. Наскоро се очекува корисниците да добијат електрична енергија и на оваа фаза, со што целосно ќе биде нормализирано снабдувањето со електрична енергија, стои во одговорот од ЕВН Македонија.
Никола Ивановски