Децата од Куманово испратија порака: Водата е богатство што мора да се чува (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Децата од Куманово денеска преку цртежи, песнички и креативни активности испратија силна порака за значењето на водата и потребата од нејзина заштита.

 

 

Настанот се одржа пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во рамки на пилот-мерката „Зелена социјална работа“, што ја реализираат Општина Куманово и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

 

 

Учениците од ООУ „Вера Которка“ од село Клечовце, познати како „мали чувари на водата“, преку своите пораки потсетија дека водата е ограничен природен ресурс кој бара грижа од сите.

– Учениците денеска ја испраќаат пораката дека водата е ограничен природен ресурс за којшто треба се грижиме сите“, изјави Тања Стефановска, социјален работник, додавајќи дека децата тоа го пренеле „преку песнички и цртежи“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Сончево и топло, но со засилен северен ветер

 

 

Според Тања Георгиевска, станува збор за иницијатива која за првпат се реализира во ваков формат во земјава.

– Тоа што денеска се случува во Куманово е нешто коешто се случува за првпат на ниво на Македонија. Се работи за подигање на јавна свест“, посочи таа, нагласувајќи дека концептот на „зелена социјална работа“ допрва ќе се развива.

 

 

Проектот, како што беше истакнато, има посебен фокус на деца од ранливи категории, со цел од најрана возраст да се изгради еколошка свест и одговорност кон животната средина.

„Денеска ја имплементираме за првпат во нашата општина оваа мерка зелена социјална работа и се надевам дека ќе остане традиција“, изјави Стефановска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре гостува кај Чаир во трка за втора плеј-аут победа

 

 

Стручните лица потенцираат дека ваквиот пристап има и превентивна улога во општеството.

 

 

Организаторите очекуваат ваквите активности да продолжат и во иднина, со цел создавање генерации кои ќе имаат развиена еколошка свест и одговорен однос кон природните ресурси.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски