Децата не го мразат зеленчукот, едноставно сакаат да е вкусен

Сподели со своите пријатели

Широко распространето е мислењето дека децата едноставно мразат зеленчук, без разлика каков е вкусот. Научниците сепак се посомневале во тоа и направиле студија, што доведе до различен резултат.

Се покажало дека учениците од Масачусетс  изеле 30% повеќе зеленчук, кога храната во училишната трпезарија била приготвена од мајстор готвач. Ова истражување, кое беше објавено на веб страницата на Journal of the American Medical Association докажува дека борбата со дебелината кај децата не е изгубена.

Loading...

Научниците сепак утврдиле дека сепак доброто претставување на овошјето и зеленчукот нема за долго влијание врз нивната потрошувачка. Според авторот на студијата Џулијана Коен од катедрата за исхрана на Универзитетот Харвард, резултатите покажуваат дека треба да се нагласува вкусот на храната во училиште. Овие резултати покажуваат дека училиштето не треба да ја напушта здравата храна само затоа што учениците првично ја прифатиле лошо.

Околу 32 милиони деца се хранат во американските училишта секој ден и многу од социјално послабите ученици  ги набавуваат потребните за организмот дневни калории токму од училишната храна. Истражувањето докажа дека “преку упорност децата на училишна возраст можат да се научат да сакаат здрави цели зрна, овошје и зеленчук, особено ако тие се со добар вкус”, вели еден од авторите – проф. Ерик Рим од Универзитетот во Харвард.