Децата чии родители се разведени имаат поголеми шанси да бидат дебели.
Научниците го следеле индексот на тежина кај 7.500 деца од нивното раѓање до 11та година. Откриле дека просчениот BMI кај децата чии родители се уште биле во брак бил 19, а кај деца на разведени родилите 19,5.
Експертите сгуерирале дека децата од разорени семејства се подложни на нездрава храна затоа што нивните родители имаат помалку време да им подготват здрави оброци.
Првиот BMI бил мерен кога децата имале само девет месеци. Мерењата биле повторувани кога децата имале 3, 5, 7, 11 и 14 години. Набљудувана била и околината во која децата растеле, како и материјалниот статус на родителите.
Кога ќе се споредат BMI од децата се гледа значителна разлика, а најголемо влијание имало кај децата кои биле свесни за разводот на родителите и биле постари од шест години.
Како причини се наведуваат недостаокот од здрава храна, но и сиромаштвото затоа што родителите немаат пари за да ги платат воннаставните активности.
По децата многу е опасно да бидат дебели затоа што можат да развијат дијабетес тип 2, некое срцево заболување или рак.