Децата на Берлускони се договорија за наследството вредно милијарди

Сподели со своите пријатели

Петте деца на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони постигнаа договор за тестаментот на покојниот милијардер, а двете најстари деца и формално ја презедоа контролата врз деловната империја на нивниот татко вредна седум милијарди евра.

Loading...

„Марина и Пјер Силвио Берлускони заедно добиваат индиректна контрола врз групацијата Fininvest SpA, јасно обезбедувајќи ја нејзината стабилност и континуитет на управување“, се вели во соопштението на семејната холдинг компанија.

Како што објави „Кориере дела сера“, од смртта на Берлускони на 12 јуни, адвокатите и консултантите работат на разјаснување на многу аспекти и вредноста на имотот на финансискиот магнат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милијардерка осудена на смртна казна поради корупција: Може да ја избегне само ако ги врати украдените пари

Сите пет деца на поранешниот премиер го прифатија наследството на нивниот татко, во согласност со неговите последни желби, се вели во соопштението.

„Марина, Пјер Силвио, Барбара, Елеонора и Луиџи Берлускони објавуваат дека го прифатиле наследството на нивниот татко, толкувајќи ги неговите последни желби во целосна хармонија, со цел да го почитуваат споменот на нивниот татко со длабока благодарност, инспириран од неговата огромна дарежливост“, се вели во соопштението..

Берлускони ги изрази своите желби исклучително јасни, доделувајќи ги сите расположливи акции на Марина и Пјеро Силвио, децата на неговата прва сопруга, Карла Елвира Дал Ољо.

Тоа значи дека 53 отсто од Фининвест им припаѓа на Марина и Пјер Силвио, а 47 отсто делат преостанатите три деца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Група од 38 виетнамски туристи исчезна во Јужна Кореја

Остатокот од наследството, односно вили, чамци, уметнички дела, лични инвестиции, банкарски сметки, ќе биде поделено 60/40, односно 60 отсто на Марина и Пјеро Силвио и 40 отсто пропорционално на Барбара, Елеонора и Луиџи.

Loading...

Во тестаментот Берлускони оставил и три аманети – првиот од 100 милиони е во корист на неговиот брат Паоло Берлускони, а слична сума ќе добие и неговата партнерка Марта Фасина, а 30 милиони му оставил на пријателот Марчело Дел Утри.