Дарко од Куманово на Малта се закити со медали во бодибилдинг (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дарко Николовски од Куманово викендов се закити со три медали на интернационален натпревар  во бодибилдинг кој се одржа на Малта.

Loading...

 

 

Николовски се натпреваруваше во Men’s physique во вкупно три категории, при што освои златен медал во категоријата Diamond Cup Beginners.

Во категоријата National Cup освои второ место, додека во категоријата Diamond Cup Open освои петто место.

 

Loading...

 

Натпреварот е во организација на Ralph Decelis Gianni Grima, а со поддршка на IFBB Малта.

 

 

Дваесет и седумгодишниот Николовски повеќе од три години сериозно се занимава со бодибилдинг, иако рекративно има тренирано многу подолго.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонец и Пакистанец шверцале Кинези низ кумановско

 

Loading...

 

Тој по потекло е од Куманово, а моментално живее и работи на Малта.