Данската премиерка свика состанок на деловните лидери по заканите на Трамп

Сподели со своите пријатели

Данската премиерка Мете Фредериксен свика денеска состанок на бизнис лидери, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп минатата недела одби да ја исклучи можноста за воена или економска акција за преземање контрола врз Гренланд.

Loading...

Трамп рече дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат контролата врз оваа полуавтономна територија на Данска, сугерирајќи дека ќе воведе царини за Копенхаген доколку се спротивстави на неговата понуда за купување на Гренланд, пренесува Ројтерс.

Фредериксен во 45-минутниот телефонски разговор вчера му рекла на Трамп дека Гренланд е да одлучи за нејзината иднина и дека Данска е подготвена да ја зајакне безбедноста на Арктикот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден бара укинување на претседателскиот имунитет

Таа, исто така, нагласи дека данските компании придонесуваат за растот и работните места во САД, како и дека ЕУ и Америка имаат заеднички интерес за зајакнување на трговијата.

На средбата со премиерот ќе присуствува и извршниот директор на фармацевтската компанија Ново Нордиск, Ларс Фруергард Јоргенсен, соопштија од компанијата.

Како што потсетува Ројтерс, во Данска се наоѓаат и седиштата на други светски компании како што се Carlsberg, Lego, Pandora и производителот на ветерни турбини Vestas.

Данскиот министер за трговија и индустрија Мортен Бодсков изјави дека е важно да се води конструктивен дијалог со данските бизнисмени во време на геополитички тензии, но не прецизираше кога ќе се одржи средбата, ниту кој е поканет на неа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вучиќ го пофали Трамп за прекинот на огнот во Газа

Министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен денеска свика и состанок на членовите на Комитетот за надворешна политика.

Loading...