Данка била жива кога ја удриле. Се разбудила и ја задавиле

Сподели со своите пријатели

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја убиле малата Данка Илиќ (2), а најновото откритие од истрагата ја запрепасти јавноста.

Loading...

Двајца работници на ЈКП „Водовод“ од Бор го признаа убиството на малата Данка Илиќ, а деталите од истрагата продолжуваат да ги шокираат сите во Србија.

Шефот на Управата за криминалистичка полиција, Нинослав Чмолиќ, во еден медиумски настап откри шокантни информации.

Имено, откако ја удриле Данка со својот автомобил, помислиле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудила.

„Деноноќно се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се согласуваат за деталите за ударот, но не се согласуваат за убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобил, а мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила, а еден ја удавил и на крајот го фрлиле телото на депонијата“, изјави Цмолиќ, пренесува срспки Блиц.