Данците сакаат да ја купат Калифорнија: „Ни требаат сонце, палми и ролери…“

Сподели со своите пријатели

Данците и Американците често разговараа за прашањето за Гренланд во последните недели.

Loading...

Медиумите неодамна објавија жесток телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и премиерот на Данска, на тема Гренланд.

Фредериксен постојано повторуваше дека Гренланд не е на продажба и дека од перспективата на данската влада му припаѓа на народот на Гренланд.

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е покрената петиција оваа европска земја да ја купи Калифорнија од САД.

Сатиричната петиција досега ја потпишале повеќе од 200.000 Данци, а целата приказна е поткрепена со зборовите дека на Данска и се потребни „сонце, палми и ролери“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се бизнис интересите на семејството Трамп на Блискиот Исток?

„Имаме можност што се дава еднаш во животот и сакаме да го оствариме тој сон. Ќе донесеме велосипедски патеки, владеење на правото, универзална здравствена заштита и политика заснована на докази во Холивуд“, се вели во петицијата.

По пристигнувањето во Белата куќа, новостариот американски претседател Трамп, покрај купувањето на Гренланд, сакаше Канада да стане 51-та американска држава, неговата земја да стане сопственик на Панамскиот канал, побара американска сопственост на Газа, а Мексиканскиот залив го преименуваше во Американскиот залив.

Што се однесува до второто, американскиот Google Maps веќе ја направи таа промена.

Loading...