Дамјановски со контра реакција по обвинувањата на ОК на ВМРО ДПМНЕ (видео)

Сподели со своите пријатели

По денешната прозивка на ОК на ВМРО ДПМНЕ на адреса на Зоран Дамјановски, со контра реакција се јави градоначалникот на Куманово, осврнувајќи се на тековните активности на локалната самоуправа што се дел од предизборните ветувања на СДСМ, така негирајќи ги обвинувањата за проекти кои според ВМРО ДПМНЕ тапкаат во место.

Loading...

– ВМРО ДПМНЕ како партија на централно ниво е фатена во тежок криминал, корупција, нелегитмно владеење и нефункционирање на правото, и затоа изглегуваат со обвинувања кон локалната самоуправа за да ја дефокусираат јавноста, вели Дамјановски.

Куманово како најголема општина нема добиено ниту едно евро доделено за капитална инвестиција, и подолго време се соочува со судски пресуди, блокада на тековни сметки и неможност за фискално задолжување што би помогнало за спроведување на развојната програма, вели градоначалникот на Куманово.

– Можеби граѓаните на населбата Гоце Делчев со право се разочарани, но скалите кои се ветени, ќе бидат изведени во текот на 2015, и во тек е регулирање на зелени површини и сукцесивно одиме со спроведување на тој проект заедно со ЈП Чистота и зеленило, вели Дамјановски.

Градоначалникот најави заокружување на т.н ”Зелен бран” со довршување на двете раскрсници, и тоа раскрсницата кај Ловечки Дом и раскрсницата кај Спортската сала.