Дали знаете зошто бурмата се носи токму на домалиот прст?

Сподели со своите пријатели

Секогаш постоеле некои правила и обичаи кои за нас не биле јасни. Најмногу од тие обичаи се поврзани со венчавката. Поголемиот дел од вас не знаат зошто бурмата се става баш на домалиот прст. Од далечната Кина ни пристигнува одговорот.

Loading...

Пред модерната медицина да го проучи човековото тело и до најситниот детал се верувало дека баш низ четвртиот прст на раката минува вена која води директно до срцето. Баш поради поврзаноста на прстот и срцето таа вена е наречена vena amoris, што на латински значи „вена на љубовта“.

Овој симболичен назив тесно е поврзан со традицијата во која мажот на жената и подарува прстен кој таа го носи на овој прст, што го опишува чинот кој би требал да ја овековечи нивната љубов.

Но, Кинезите имаат уштре една, многу интересна и романтична приказна која можете да ја испробата и самите да се уверите дека тајната и силна врска измеѓу партнерите навистина постои.

Според кинеското учење секој прст на раката симболизира еден дел од вас, палецот ги претставува вашите родители, показалецот се вашите браќа и сестри, средниот прст сте вие самите, домалиот прст вешиот маж или жена, односно вашиот партнер и малиот прст ги симболизира вашите деца.

Доколку ги споите јагодиците на прстите на левата и десната рака, а средните прсти ги свитката кон внатре, па ги споите со целиот среден ден, добивата положба која ќе ви ја открие оваа романтична симболика.

Доколку се обидете да ги одвоите палците, ќе успеете. Причината е таа што кога-тогаш ќе се разделите од своите родители и ќе започнете самостоен живот.

Доколку се обидете да ги разделите показалците, исто така ќе успеете. Причината е што вашите браќа или сестри ќе се одвојат од вас и ќе формираат свои семејства.

Loading...

Доколку се обидете да ги одвоите малите прсти, повоторно ќе успеете. Причината е што вашите деца ќе пораснат и така ќе започнат самостоен живот.

Но, доколку се обидете да ги разделите домалите прсти нема да ви успее. Причината е што на мажот и жената им е судено делиот живот да го поминат заедно, неразделни.

Image by Dominic Alberts from Pixabay

Leave a Reply