Дали трговската политика на Трамп дава резултати? Постави 5 цели, не исполни ниту една

Сподели со своите пријатели

Додека трговските партнери на Соединетите Американски Држави се пожестоко реагираат на новата царинска политика на претседателот Доналд Трамп, се поставува прашањето – дали американскиот претседател е воопшто блиску до остварување на своите клучни цели?

Loading...

Би-Би-Си направи краток преглед на моменталната состојба во пет области кои се главни амбиции на Трамп.

Подобри трговски договори

Трамп со години ги обвинува странските земји дека ги искористуваат САД преку лоши трговски договори.

Сега, за време на 90-дневната пауза пред воведувањето нови, повисоки царини, Белата куќа вели дека лидерите од другите земји веќе излегуваат со предлози за нови договори и трговски отстапки.

Засега можеби ова е единствениот сегмент од неговата политика што покажува одредени резултати, но се уште е во фаза на преговори.

Трамп веќе во два наврати ги повлече претходно најавените царини за некои земји.

Зајакнување на американската индустрија

Една од клучните цели на Трамп е да го поттикне домашното производство.

Сепак, постојаните промени во царинската политика го отежнуваат долгорочното планирање за компаниите.

Loading...

Никој не знае кои индустрии ќе бидат заштитени, а кои не, па повеќето бизнисмени чекаат да се стабилизира ситуацијата пред да донесат големи одлуки или да инвестираат.

Исто така, САД тешко можат да ги вратат работните места во производството кои се преместени во Азија – не само поради разликата во платите, туку и поради тоа што Кина сега е сериозен високотехнолошки конкурент.

Пресметка со Кина

Трговската војна со Кина веќе започна. Со години Трамп го обвинуваше Пекинг дека ја „ограбува“ Америка преку нефер трговија.

Иако му изгледа политички згодно да ги заостри односите со Кина, отворениот трговски конфликт со втората по големина светска економија, која има и сериозна воена моќ, е крајно ризичен потег кој засега носи само трошоци и штети за американската економија.

Зголемување на приходите од царина

Доколку Трамп остане на основните и дополнителните царини, особено на кинеските производи, приходите на државата од царините ќе се зголемат.

Сепак, тие пари доаѓаат само кога Американците купуваат увезена стока.

Ако потрошувачите се префрлат на домашните производи – што е целта на Трамп – приходите од царини ќе се намалат, додека во исто време ќе се зголемат трошоците за потрошувачите, што може да го загрози животниот стандард на просечниот Американец.

Пониски цени за американските потрошувачи

Трамп вети дека неговите трговски политики ќе доведат до пониски цени.

Loading...

Сепак, речиси сите економисти се согласуваат – новите тарифи ќе ги зголемат цените. Увозните производи поскапуваат, а домашната индустрија не може да обезбеди исто количество стоки или конкурентни цени.

Засега Трамп покажува повеќе политичка волја отколку конкретни економски резултати.

Иако преговорите се започнати, компаниите се збунети, потрошувачите веројатно нема да имаат корист, а конфликтот со Кина носи огромни ризици.