Дали сокот од алое вера е навистина толку ефикасен и здрав?

Сподели со своите пријатели

На ТикТок се појави нов тренд на здрав начин на живот – сокот од алое вера. А колку е здрав, се обидуваме да дознаеме во продолжение.

Loading...

Поговорката вели: „Ние сме она што го јадеме“, но ТикТок сè уште вели: „Ние сме она што го пиеме“. Имено, на оваа социјална мрежа се појави нов тренд кога станува збор за здрава исхрана: сок од алое вера. Според тиктокерите кој го пробал, овој сок промовира здраво варење и ја чисти кожата.

Bria Lemirande е една од ТикТок која го консумира овој сок веќе некое време и тврди дека кожата и е исчистена и станала сјајна и затегната, откако само една недела пиела 30 ml сок од алое вера два пати неделно.

 

 

Дали сокот од алое вера е здрав?

Од научна гледна точка, дали овој сок навистина може да го подобри варењето и изгледот на кожата? Експертите велат дека нема многу научни студии на оваа тема, но сокот од ова растение се покажал како ефикасен во намалувањето на појавата на акни.

Алое вера има антиинфламаторни својства и го промовира заздравувањето на раните кога се користи за надворешна употреба. Исто така, сокот од алое вера ја намалува болката и затегнатоста на кожата при изгореници.

Loading...

Прочитајте исто така… Здравствени придобивки од алое вера

Сепак, не постојат опсежни студии кои ги покажале придобивките од алоето на кожата, особено ако се консумира неговиот сок. Истото важи и за придобивките за цревната флора.

Експертите предупредуваат и дека прекумерното консумирање сок од алое може да има лаксативно дејство, а долгорочно може да предизвика и рак на дебелото црево.

Заклучокот е дека ако сакате да го испробате овој тренд на ТикТок, прво треба да се консултирате со лекар.

 

@brialemaloe vera juice for skin and gut health 11/10♬ original sound – bria lemirande