Францускиот научник Паскал Скот открил дека под познатата Мона Лиза постои уште еден портрет кој е откриен со користење на рефлексните светлосни технологии.
Тој вели дека анализирајќи ја познатата слика од десет години со примена на оваа технологија испод познатата слика на Леонардо да Винчи открил скриен портрет.
Музејот „Лувр“ одбил да ги коментира овие наводи, пренесува БиБиСи. На скриената слика од друга личност нема трагови на мистичната насмевка, која ги интригира љубителите на уметноста подолго од 500 години.
Францускиот научник добил пристап до сликата во „Лувр“ во 2004 година. Тој е пионер во примената на слоевитата метода на појачување, која е искористена за проучување на Мона Лиза.
Сега може да анализираме што точно се случува во слоевите на сликата и можеме да ги гледаме слоевите на сликата како слоевите од аголот. Можеме да реконструираме хронологија на правење слика – вели Кот.
Оваа слика била предмет на неколку научни истражувања во последните педесет години. Во новото време користени се инфрацрвените зраци и мултиспектрално скенирање.
Одамна се води дебата за идентитетот на жената од сликата. Со векови се верува дека на портретот е прикажана Лиза Герардини, сопруга на трговец со свила од Фиренца.