Дали научниците минатата недела навистина откриле вонземјани (видео)

Сподели со своите пријатели

Сите светски медиуми минатата недела објавија дека постои можност дека вонземјаните се пронајдени. Зад овие наслови, како што често се случува, стои научно истражување кое може, а не мора да значи дека е точно.

Loading...

Вистина е дека астрономите навистина пронашле нешто што досега не е видено, дури и бизарно, гледајќи низ телскопот Кеплер – „ловец на планети“. Околу ѕвездата која се нарекува KIC 8462852 кружи нешто огромно, необично, а не е планета. Кога планетата минува пред ѕвездата, таа „ја пригуши“ нејзината светлост на неколку часови или ден, а тогаш се губи, па се врати и го прави истото, кога ќе се заврти околу матичната ѕвезда.

Но, светлост на оваа ѕвезда била „пригушена“ и по 80 дена во низа и тоа во неправилни интервали. Ниту една планета не може да го направи тоа, ниту облак од прашина или астероид. Такви големи дискови се јавуваа само кај младите ѕвезди, а KIC 8462852 не е една од нив. Плус, овој вселенски отпад обично додава дополнителна инфрацрвена радијација, што тука не е случај.

Сите ови податицои, инаку, ги презентураше тим научници кој работи на проектот „Кеплер“ и тврдат дека телескопот фунцкионирал нормално додека се прибирани овие податоци.

Тоа нешто што ја блокира светлината од оваа ѕвезда е огромно, блокира дури околу 20% од светлината, што е многу повеќе од што би можела да го стори планета со големина на Јупитер.

Dyson_Swarm_-_2-copy

Можеби ѕвездата ја блокира огромна вонземјанска структура, чија цел е да собере енергија од оваа ѕвезда, нешто како огромна топка направена од соларни панели – вели Ендрју Сиемион, научник од Беркли.

Можеби, но дали е веројатно.

Loading...

Колку што знаеме, животот е можеби феномен кој во целиот универзум се појавил само еднаш, а можеби постојат и милијарди цивилизации.

Но, да кажеме дека животот постои таму некаде, многу далеку во вселената, како во случајот со KIC 8462852. Да кажеме дека таа цивилизација е „гладна“ за енергија. Ја опустошиле сопствената планета и сега преминале на околината.

Физичарот Фримен Дајсон претпоставува дека цивилизациите ќе станат толку развиени што ќе мора своите енергетски потреби да ги задоволат директно од матичните ѕвезди, опкружувајќи ја со соларни панели. Оваа замислена мегаконструкција се нарекува „Дајсонова сфера“.

Dyson_rings-copy

Научникот Дајсон ова го напишал пред скоро 60 години. И тоа не каок писател на научна фантастика, туку како научник. И пред 60 години некои научници предвиделе дека вонземјаните прво ќе ги пронајдеме така што таму некаде и некогаш ќе ја видиме Дајсоновата сфера.

Она што Кеплер го видел на далечина од 1.480 светлосни години, целосно подсетува на она што Дајсон го предвидел, а тоа е Дајсоновата сфера.

Сиемион и други научници од Берклиј сега мислат дека постои шанса она шт го блокира видикот на KIC 8462582 да е Дајсонова свера.

Астролог од НАС, Крис Мекеј на ова вели дека е интересна хипшотеза која треба да се истражи. Лин Хиленбрабд, астроном од Калтек додава дека вакви необични тврдења бараат и соодветни докази.

Loading...

За да ја проверат оваа хипотеза астрономите сега ќе бидат претпазливи да најдат други докази за живот околу KIC 8462852. Се пријавиле во ред и чекаат на џиновскиот Грин Бенк телескоп во Западна Вирџинија. Доколку им помине пријава, следната година антената ќе биде насочена 100 метри кон својата ѕвезда и ќе чекаат и чешлаат радио сигнали кои доаѓаат од таму.

Користејќи ја технологијата која се развива за проектот „Breaktrough Listen“ – инвестиција од 100 милиони долари во корист на потрагата по вонземјани, тие радио брановите кои доаѓаат од KIC 8462852 ќе ги разнесат на многу бранови должини.

Доколку слушнат ниски бранови на модулирана радио емисија, не знам постои ли друго објаснување освен интелигентен живот – вели Џејсон Рајт, астроном од Пен Стејт.

Сепак, сите ови надежи треба да се земат со резерба. На пример, како што вели Сиемион, првиот пулсар откриен во 1961 година го носи името LGM-1 (Little green men), затоа што сите мислеле дека се работи за вонземјани кои нешто ни порачуваат од другиот крај на вселената. Сега знаеме за постоење на 1800 пулсори и знаеме дека зад нив не стојат вонземјаните.

Можеби и сега е пронајден некој нов космички феномен кој нема врска со вонземјаните. Што мислите вие?