Џеф Капс (33) работел како механичар во Денвер кога еден пријател му рекол дека станицата Амундсен-Скот на Јужниот пол бара работници.
„Бараа механичар на моторни санки и не размислував долго. Се работи шест месеци годишно, а платата е 80.000 долари“, откри Џеф.
View this post on Instagram
Тој им раскажа на медиумите неверојатна приказна за живеење на -70 степени целзиусови, среде замрзната дивина, додека првите соседи се на 1.000 километри.
Во гореспоменатата станица, научниците ги проучуваат климатските промени и се обидуваат да ги откријат тајните на универзумот.
View this post on Instagram
Често мора да работи на отворено, на многу студено време, поправајќи возила.
Еднаш температурата се спуштила на -76 степени, а чувството го опишува како „надреално“:
„Мислете дека ќе замрзнете, но тоа е сув студ, па всушност не е премногу лошо. Најчудно е што никогаш не сум имал морници. Најлошо е кога ќе го почувствувате мразот на откриениот дел од кожата, како да ве бодат со нож“, објасни тој.
View this post on Instagram
Кога Џеф последен пат ги изброил жителите на станицата, ги имало 43. Меѓу нив била и Мишел (33), неговата сегашна партнерка.
„Градите исклучително блиска заедница, бидејќи секој ден ги гледате истите луѓе. Сите сме големо семејство, се расправаме, но и се почитуваме. Забавите овде се легендарни, мора да се биде креативен. Немате каде на друго место, затоа се трудите“, заклучува Џеф.
View this post on Instagram