Дајте музика, Тајзи и Сара Јо вечерва на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Музичката група од проектот „Дајте музика“, кумановецот Тајзи и српскатаѕвезда Сара Јо вечерва со настап на градскиот плоштад во Куманово ќе го започнат свечениот дел од програмата за одбележувањена Денот на ослободување на градот.

Loading...

Во организација на Фондацијата за култура и спорт, а со финансиска поддршка од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово годинава се предвидени настапи на повеќе музички имиња кои ќе бидат поделени во два вечери.

Утревечер пак свој настап ќе имаат Некст тајм, Алкета, Барди и Лозано. Некаде околу 22 часот ќе има и традиционален огномет поради што од фондацијата апелираат граѓаните да преземат мерки за заштита на домашните миленици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

Концертите започнуваат во 20 часот.

Од буџетот на општината се издвоени вкупно 1,5 милиони денари за оваа намена.

За прославата на Денот на ослободување на Куманово се предвидени низа настани кои траат од почетокот на овој месец.

Никола Ивановски